Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
АНГЕЛА КРСТАНОСКА ВАСИЛЕВСКА И СУПЕР РАДИО ДОБИТНИЦИ НА ПОВЕЛБАТА ПАТРОН НА ГРАДОТ “СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“
Untitled Document

Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, Повелбата Патрон на градот “Свети Климент Охридски“, годинава им ја додели на проф. д-р Ангела Крстаноска Василевска и Супер Радио.


Проф. д-р Ангела  Крстаноска - Василевска е родена 1971 година во Охрид. Основно и средно образование завршува во својот град. Природно математички факултет завршува на универзитетот Св. Кирил и Методиј- Скопје. Во 2002 година успешно го брани магистерскиот труд,  а во 2007 година ја брани докторската дисертација по биотехнички науки. Вработена е на факултетот за туризам и угостителство  од 2001 година.


Покрај наставните и истражувачките активности на матичниот факултет, таа учествува на бројни конференции во земјата и странство каде го афирмира Охрид  и неговите потенцијали како развиен туристички центар. Преку  повеќе проекти успеа да даде голем придонес за развивање и организација  на насоките за гастрономија и хотелско ресторански менаџмент со кои раководи.


Добитникот на повелбата Супер Радио неодамна го одбележа јубилејот - 25 години работа. Супер Радио денес е препознатливо пред се по модерниот радио израз, актуелната музика, но, и по информативните содржини што го прават еден од најцитираните медиуми во Западна Македонија.   Оваа регионална радио станица е препознатлив бренд на радио новинарството не само во Охрид туку и во Република Македонија .


Повелбата ќе им биде врачена на Свечената Академија, што ќе се одржи на 8 декември во х.Инекс.

Прочитано:  1424  пати
Објавено на: 06.12.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©