Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ НА ИФТАР СО СОГРАЃАНИТЕ ОД МУСЛИМАНСКА ВЕРОИСПОВЕД
Untitled Document

На иницијатива на градоначалникот Никола Бакрачески и Муфтиството на Муслиманската верска заедница од Охрид, вечерва на плоштадот “Чинар“ беше организиран Ифтар за граѓаните од муслиманска вероисповед. Во пријатна атмосфера,  Бакрачески на присутните им посака спокојни денови до големиот празник – Рамазан Бајрам.

На ифтарската вечера беа присутни и повеќе советници и директори на јавните претпријатија од градов, а забележително беше и присуството на голем број сограѓани од христијанската вероисповед, како гости кај своите пријатели.

Ифтарската вечера со големо љубопитство ја следеа и голем број туристи, кои со своите мобилни телефони фотографски ја забележаа оваа за нив несекојдневна манифестација.
Ова е втора по ред ифтарска вечера што ја приредува и на која присуствува градоначалникот Бакрачески, откако ја презеде градоначалничката функција.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1287  пати
Објавено на: 14.07.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©