Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
УСПЕШЕН НАСТАП НА ОХРИДСКИТЕ ШАХИСТИ НА ТУРНИРНИРОТ ВО БИТОЛА
Untitled Document

Под покровителство на Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ , на 26 и 27.01.2019 година во Битола се одржа шаховски турнир во единаесет кола со темпо на игра 20’+10” . На турнирот учествуваа 83 млади шахисти од Република Македонија, од кои 12  од Шаховскиот клуб „ Ласкер“од Охрид.

На турнирот членовите на ШК „ Ласкер“ освоија три медали. Во категорија U12 Јулијан Матески освои бронзен медал, во категорија U14 Константин Лушески освои златен медал кој воедно беше и шестопласиран во конечниот пласман на целиот турнир, а Иван Велкоски освои сребрен медал.

Прочитано:  156  пати
Објавено на: 28.01.19
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©