Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНСКИОТ ШТАБ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ СО АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ
Untitled Document

На состанокот што денес го одржа општинскиот штаб за заштита и спасување, кој беше свикан поради временски неприлики кои  се најавуваат за претстојниот период, се расправаше за активностите кои треба да ги преземат надлежните служби за непречено функционирање на граѓаните. 

Надлежните служби го информираа штабот дека веќе се преземаат сите неопходни активности за навремено справување со најавените временски неприлики. Од ЕВН Македонија најавија дека изготвиле нов кризен менаџмент за поефикасно и побрзо справување со евентуалните оштетувања на електричната мрежа, а обезбедена била и дополнителна механизација за полесно доаѓање до тешко пристапни места.
Од општинскиот штаб за заштита и спасување испратија апел до граѓаните за навремена подготовка за наредниот период.

Интегрално Ви го пренесуваме апелот:

Општинскиот штаб за заштита и спасување апелира до граѓаните и субјектите навреме да се подготват за претстојните најавени поголеми снежни врнежи и при тоа да преземат соодветни мерки за заштита и успешно справување со настанатите состојби. Посебно се потенцира обврската за навремено дислоцирање на моторните возила од коловозните  површини со цел да се овозможи успешно дејствување на ангажираната механизација. Куќните совети и субјекти да се организираат дополнително рачно чистење на пристапните површини до објектите. Населението од повисоки населени места навреме да се обезбеди со потребните продукти, храна, лекови и сточна храна.
За пријавување на настанатите состојби и воочените опасности граѓаните можат да го користат бесплатниот телефонски број 195 од сите оператори на мобилната и фиксната телефонија.

Заменик градоначалникот, Ангел Јанев, ја потенцира неопходноста од кооперативност на граѓаните во услови кога има врнежи од снег.

Кога ќе почнат првите врнежи со снег, веднаш во рамките на своите можности граѓаните да исчистат пред и во своите дворишта во куќите, станбените и угостителските објекти. Тоа претставува нивна морална и законска обврска, а ќе придонесе кон полесно справување на надлежните служби со временските неприлики, изјави Ангел Јанев.

Општинските инспекциски служби постојано ќе бидат на терен. Нивната работа ќе биде во насока на превенција, односно ќе ги опоменуваат граѓаните за активностите кои треба да ги преземат.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1327  пати
Објавено на: 15.01.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©