Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СПОРТСКИ „БОН ТОН“ УТРЕ ВО ОХРИД
Untitled Document

Втората спортско – културна манифестација од проектот „БОН ТОН“ ќе се одржи утре во Охрид. Со почеток во 12 часот на Кејот Македонија децата од школска возраст ќе ги започнат традиционалните спортски игри во сите форми, а нив ќе ги посетат претседателот на Р. Македонија, Ѓорге Иванов, Амбасадорот на САД во Македонија и претставници на општина Охрид. Спортскиот „БОН ТОН“ е концепт на проект кој ќе се одвива во шест општини од Република Македонија – Карпош, Велес, Ново Село, Охрид, Свети Николе и Тетово. Неговата цел е социјална и етничка инклузија на младите преку спортот како средство за социјализација на луѓето и можност за одржување на мултиетичноста и мултиконфесиналноста на нашата држава.


Проектот спортски „БОН ТОН“ се реализира од страна на геостратешкиот институт „Глобал“, а е под покровителство на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и е со финансиска поддршка на Амбасадата на САД во Р. Македонија.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1309  пати
Објавено на: 11.09.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©