Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕХНИКИТЕ ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА КОЛЕКТОРСКИОТ СИСТЕМ
Untitled Document

Денеска во големата сала на општина Охрид , во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, Јапонската агенција за меѓународна соработка и Билатералниот секретаријат за сливот на Охридското Езеро се одржа Семинар за презентација на Извештајот на наодите за унапредување на состојбите со колекторскиот систем на Охридското Езеро и презентација на техниките за рехабилитација на колекторскиот систем.

Оваа соработка со Јапонската агенција за меѓународна поддршка е поттикната пред се од разговорите на премиерот на Владата на Р. Македонија и премиерот на Јапонија во кои разговори беше заклучено дека Јапонската Влада може да помогне во проекти од еколошка природа во Р. Македонија.

Најважниот дел од оваа техничка помош до која сме стигнати до овој момент е да се предложат подобрувања преку конкретни  проекти и она што јапонските експерти го работеа заедно со експертите од јавните претпријатија е основа за да ја видиме сликата на колекторскиот систем  меѓутоа и за да ги предложиме техниките за  негово подобрување. Секако дека заштитата на Охридското езеро е наш приоритет, приоритет на државата и приоритет на општините кои лежат на брегот на Охридското езеро – рече Дејан Паноски, секретар на Билатералниот секретаријат за сливот на Охридското Езеро.

Присутните на семинарот ги поздрави градоначалникот Никола Бакрачески кој во своето обраќање истакна:

Во последните неколку години правиме напори заедно со албанската страна преку Билатералниот секретаријат за сливот на Охридското Езеро, заштитата да добие и меѓународна рамка, а со тоа да  биде зголемена одговорноста и свеста за огромното значење кое Охридското Езеро го има за Македонија, Албанија и поширокиот регион. Само со заеднички менаџмент и координација можеме да ја достигнеме крајната цел, за целосна и одржлива заштита на езерото.
Искрено верувам дека резултатите од денешнава работна средба ќе отворат нови перспективи за вистинска функционалност на колекторскиот систем и ќе дадат соодветни насоки како тоа да се постигне. Верувам дека извештајот на Јапонската агенција за меѓународна соработка, ќе биде вистински патоказ не само за засегнатите субјекти во која насока да ги насочат своите напори, туку ќе биде и прилика за меѓународните финансиски институции да го најдат својот интерес во поддршката на заштитата на Охридското Езеро. Ве уверувам дека во Општина Охрид, секогаш ќе го имате вистинскиот партнер во напорите да го сочуваме и заштитиме Охридското Езеро за идните генерации.

Градоначалникот на општина  Струга, Зијадин  Села,  го изрази задоволството од одржувањето на ваквиот семинар и превземањето низа активности во насока на подобрување на заштитата на Охридското езеро.

На семинарот присуствуваат и презентираат претставници на јапонската агенција за меѓународна соработка JICA.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1240  пати
Објавено на: 02.07.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©