Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПОВИК ЗА ПОДДРШКА НА МАНИФЕСТАЦИИ/АКТИВНОСТИ ЛУЃЕ ЗА ЛУЃЕ ОД ПОСТОЈАНАТА РАБОТНА ГРУПА ЗА РЕГИОНАЛЕН РУРАЛЕН РАЗВОЈ (SWG)
Untitled Document

Постојаната работна група за регионален рурален развој (SWG) во Југоисточна Европа, во рамките на SWG EC проектот "Регионална соработка и вмрежување во областа на земјоделството, руралниот и економскиот развој на прекуграничните региони" финансиран од страна на Европската унија, објавува повик за поддршка на манифестации / активности луѓе за луѓе.

Активноста "луѓе за луѓе" претставува алатка за вмрежување, зајакнување на соработката, промоција на прекуграничните региони и нивното културно, традиционално и природно наследство, поддржува економски активности на полето на развој на производите и услугите, како и создавање на прекугранични вредносни синџири.

Како дел од проектот SWG EC "Регионална соработка и вмрежување во областа на земјоделството, руралниот и економскиот развој на прекуграничните области" активностите може да бидат реализирани во регионот "Преспа", воАлбанија и Македонија. 

Манифестацијата е потребно да се реализира најкасно до 01.11.2018 година. Било каква поддршка, барана во рамките на овој повик не смее да ја надмине сумата од 2000 Евра без вклучен ДДВ. Целокупниот буџет на настанот и останата финасиска помош не се ограничени.

Преку овој повик, SWG ги поканува сите заинтересирани претставници од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор да номинираат по една манифестација која придонесува за горенаведените цели за поддршка од страна на SWG. Формуларите за апликација и буџет треба да бидат пополнети и истите да ги доставите најдоцна до 16.02.2018 (до крајот на работното време) преку електронска пошта на:
prespa@swg-seerural.org

Апликациите можат да се поднесат на локалните јазици, по што SWG Секретаријатот, во соработка со комисија составена од претставници на министерствата за земјоделство на државите на Западен Балкан, ќе донесе одлука за избор на настанот. По одобрување, апликацијата и буџетот се доставуваат на англиски јазик. Напоменуваме дека официјалната верзија на документацијата на англиски јазик и во случај на противречности и несогласувања, оригиналната верзија на англиски јазик е валидна.

Линк за превземање на документацијата:
http://prespa.seerural.org/past-events/open-call-for-support-to-p2p-events-in-prespa/

 

Прочитано:  1373  пати
Објавено на: 17.01.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©