Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ОЕМУЦ“ СВ НАУМ ОХРИДСКИ“ И УЧИЛИШТЕТО “МЕРСИНЛИ“ ОД ИЗМИР ТУРЦИЈА
Untitled Document

Во рамки на проектот  за  меѓународна соработка и унапредување на односите меѓу учениците, професорите  и родителите, во неколку дневна работна посета  на  Измир Р. Турција е директорот на  ЕМУЦ Св. Наум Охридски, Јане Цаноски.

Директорот Цаноски оствари работна  средба со директорот на техничкото и индустриско средно училиште “Мерсинли“ , Енвер Туркоглу  при што беше потпишан договор за меѓусебна соработка. Согласно потпишаното  во наредниот период двете училишта се обврзаа да работат на  зацврстување на меѓусебниот  мир и братство  како и  промоција на културните вредности и модернизација на наставно образовниот процес.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1413  пати
Објавено на: 13.12.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©