Комуникација со граѓаните преку средби во рамки на урбаните заедници во
кои живеат, е практика на градоначалникот Бакрачески која ја применува од
доаѓањето на функцијата. Во таа насока, денес, оствари средба со жителите од
УЗ „7ми Ноември“ и „Даме Груев“. На средбата покрај градоначалникот беа
присутни раководителите во Локалната самоуправа и директорите од Јавните
претпријатија.
![](http://ohrid.gov.mk/Pictures/sredba_7miNoemvri_400.jpg)
Жителите од овие две урбани заедници средбата ја искористија за запознавање
на градоначалникот со нивните потреби, како и евентуални решенија и предлози
за понатамошно уредување на урбаните заедници.
![](http://ohrid.gov.mk/Pictures/sredba_7miNoemvri_4001.jpg)
Од страна на градоначалникот беа презентирани идните проекти кои се
планирани за овие две урбани заедници, а фокусот беше ставен на
инфраструктурните и урбанистичките решенија. Во рамки на инфраструктурните
проекти беше споменато дека во план на Локалната самоуправа е целосна
реконструкција на улицата „Јане Сандански“, како и асфалтирање на неколку
помали сокачиња во двете урбани заедници.
![](http://ohrid.gov.mk/Pictures/sredba_7miNoemvri_4002.jpg)
![](http://ohrid.gov.mk/Pictures/sredba_7miNoemvri_4003.jpg)
Извор: www.ohrid.gov.mk |