Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
101 570 ДЕНАРИ СОБРАНИ НА ВЧЕРАШНИОТ ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ
Untitled Document

На вчерашниот хуманитарен концерт кој се одржа на Градскиот плоштад, на иницијатива на естрадната  пејачка, Елена Велевска, а кој беше во организација на општина Охрид во соработка со „Црвен крст“ Охрид, се собраа 101 570 денари, 50 евра, 20 австралиски долари, 20 американски долари, 5 новозеландски долари и 20 лева.

Покрај тоа со своја донација со прехрамбени продукти, хигиенски средства и вода се приклучија и Тамаро маркетите. Собраните средства и продуктитее во текот на наредните денови ќе бидат доставени до подрачјата погодени од поплавата.

Уште еднаш изразуваме благодарност до естрадните уметници и до сите хумани граѓани кои дадоа свој прилог за справување со последиците од поплавите на погоденото население.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1344  пати
Објавено на: 12.08.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©