Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СО ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ УТРЕ ЗАПОЧНУВА ПРОГРАМАТА ЗА БОГОЈАВЛЕНИЕ-ВОДИЦИ
Untitled Document

Утре  започнува официјалната празнична програма што по повод големиот христијански празник  Богојавление – Водици  ја организираат општина Охрид и здружението за афирмација на Македонската православна црква “Богојавление“. 
Годинава празничната програма ќе се реализира во пет дена.  Утревечер  со почеток во      19:00 часот  во Центарот за Култура “Григор Прличев“ целовечерен   концерт  ќе одржат Културно уметничките друштва: “Гердан“,“Илинден“, “Охриѓанка“, “Плетенка“, “Филиграни“ и “Отекс“. 

Концертот има хуманитарен карактер односно во рамки на своите можности охриѓани и гостите може на  пунктовите од  Црвен Крст- Охрид кои ќе бидат поставени пред влезните врати на Центарот за култура да донираат одредени  парични средства  кои  ќе биде наменет за добротворни цели.  
Влезот за концертот е слободен  и во негови рамки играорците ќе ги одиграат познатите охридски сплетови.    

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1316  пати
Објавено на: 15.01.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©