Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ
Untitled Document

По повод големиот празник посветен на закрилникот на Македонскиот народ и патрон на МПЦ ОА и градот Охрид, градоначалникот на Охрид, г.Никола Бакрачески до сите православни верници упати честитка во која се вели:

Почитувани сограѓани, овој голем ден за Охрид и целиот Македонски народ, не потсетува на благодетта која овој голем светец и просветител ни ја оставил , како потврда за нашето непресушно универзално дело од кое се напојувале и многу други народи надвор од Македонија. Духот на Свети Климент и денес бдее над Охрид и ни го осветлува патот кон иднината. Големото, хумано и благородно дело на Свети Климент Охридски, не обврзува да чекориме по неговите патеки на искреноста и нашата вистинската сплотеност со Бога. Примете ги моите најискрени желби за добро здравје и благодет во Вашите семејства и домови. Да ни e честит и вековит Свети Климент Охридски.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1322  пати
Објавено на: 07.12.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©