Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СПОРЕД ИСПОЛНЕТОСТА НА ТУРИСТИЧКО УГОСТИТЕЛСКИТЕ КАПАЦИТЕТИ ОХРИД ОЧЕКУВА ПЛОДНА ТУРИСТИЧКА СЕЗОНА
Untitled Document

Активностите за претстојната туристичка сезона предвидени во Програмата за поттикнување на развојот на туризмот, зголемените мерки и политики за создавање услови за максимално искористување на потенцијалите на градот полека но сигурно го сместуваат Охрид во рангот на светски топ туристички дестинации.


Воспоставената пракса на континуирана и директна соработката со странски тур оператори, развојот на нови туристички производи и воведувањето на современите пракси на презентација и промоција на  туристичката понуда, продуцираат позитивни ефекти во изборот на потенцијалниот гостин, турист и посетител на Охрид.


Имајќи во предвид дека туристичкиот производ мора да биде прилагоден кон новите трендови и целни групи кои се јавуваат на туристичкиот пазар,  се покажува дека меѓусебната координација и партнерска соработка на сите чинители во туристичкиот сектор во Охрид во процесите на  прилагодување на понудата и побарувачката, представува една од најзначајните стратегиски активности  која во значајна мера допринесува за препознатливоста на Охрид како туристичка дестинација.


Моменталната исполнетост на туристичките сместувачки капацитети во градот изнесува околу 90%,  односно некои хотели на охридската ривиера  се 100 процентно исполнети и во овој период од годината.


 Најавите за гости за претстојната туристичка сезона, предвидуваат максимално искористување на сместувачките капацитети со што уште еднаш неминовно се потврдува дека концептот на стратегиско менаџирање со конкретна туристичка дестинација, креирањето програми и политики кои ги дефинираат факторите за конкурентност, процесот на позиционирање на туристичката дестинација се клучни сегменти во развојот на туризмот на општина Охрид.


За претстојната туристичка сезона, според податоците со кои располага општина Охрид, во сместувачките капацитети ќе престојуваат гости од Италија, Германија, Хрватска, Србија, Португалија, Кореја, Турција, Кина, Холандија, Албанија, Јапонија и Австралија.


Заложбите за осовременување, унапредување, промоција и остварување на визијата Охрид – најпосакувана туристичка дестинација во регионот, ќе продолжат со несмален интензитет со што се очекува ваквите активности да генерираат долгорочни позитивни ефекти за поттикнување на развојот на туризмот.

 

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1355  пати
Објавено на: 25.05.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©