Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРОМОВИРАН ЕВРОПСКИОТ ПРОЕКТ SCIENTIX
Untitled Document

Европскиот проект за истражување и иновации Scientix , денеска беше презентиран пред наставниците по Математика, Физика, Хемија и Биологија  од основните и средните училишта од Охрид.


Проектот Scientix е инициран од Европската комисија и е составен од две фази. Во првата фаза, во периодот од 2009 до 2012 година, како што беше речено на презентацијата што ја изврши заменик амбасадорката на проектот за Република Македонија , Силвана Ристоска, востановен е веб- портал, преку кој се презентираа европските едукативни проекти.


Целта на втората фаза, која е започната во 2013 година е овој проект да стане достапен и препознатлив на национално ниво, особено за наставниците од основното и средното образование кои предаваат предмети од природните науки, со што ќе се промовира европската димензија во образованието.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1319  пати
Објавено на: 26.06.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©