Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
РЕШАВАЊЕТО НА ПРОБЛЕМИТЕ НА ОХРИЃАНИ ПРИОРИТЕТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ
Untitled Document

Патувањето за Кина, кое требаше денес да го реализира градоначалникот Бакрачески, со цел презентација на туристичката понуда, како и презентацијата на културно – историското богатство на Охрид е одложено. Во изјава за медиумите градоначалникот информира дека за него секогаш приоритет ќе претставува решавањето на проблемите на охриѓани.

За мене секогаш, потребите и проблемите на граѓаните се на прво место. Јас секогаш кога носам одлуки ги носам одлуките според приоритет. Во овој момент, приоритет на градот Охрид е воспоставување на нормално функционирање на наставата во ОУ „Григор Прличев“ и се додека овај проблем со училиштето постои Јас, нема да патувам подалеку од Македонија бидејќи за мене во овој момент е приоритет, рече градоначалникот Никола Бакрачески.

Инаку патувањето во Кина, беше во организација на кинеската амбасада во Република Македонија и претставници од збратимениот град Далиан. Во наредните денови беше предвидено да се одржи голема промоција на културно – историското наследство и презентација на туристичката понуда на Охрид пред седумнаесет големи градови од Азија. Целта на оваа презентација беше привлекување на туристите од азискиот свет да го посетат Охрид. Покрај туристичката промоција, пред овие градови ќе се презентираа и можностите за инвестирање во делот на бизнисот и стопанството во Охрид. 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1320  пати
Објавено на: 14.11.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©