Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ (MSIP) Кредит бр. 8651-MK MSIP-NCB-069-18
Untitled Document

Повик за поднесување на понуди (ППП)

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА  ПРОЕКТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ УСЛУГИ (MSIP)Кредит бр. 8651-MK MSIP-NCB-069-18

1.   Овој Повик за поднесување на понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на UN Development Business со бр. 767 од 31 јануари, 2010 година (печатено издание) и електронски објавена на 06 јануари, 2010 година.

2.   Република Македонија доби кредит од Меѓународната банка за обнова и развој за Проектот за подобрување на општински услугите и има намера дел од добиените средства од овој Кредит да ги искористи за исплата по договор  за набавка на стоки – Набавка на специјални комунални возила во општина Охрид – Набавка на возила за собирање на отпад и возило за миење на улици – MSIP-NCB-069-18.

3.   Општина Охрид ги повикува соодветните и квалификувани Понудувачи за набавка и транспорт на:

2 (две) возила за собирање на комунален отпад со надградба со капацитет  од 3м3 за собирање и транспорт на отпад од пластични садови  со зафатнина од 120/240/360; 2 ( две) возила за собирање на комунален отпад со надградба со капацитет  од 8м3 за собирање и транспорт на отпад од контејнери за отпад со зафатнина од 1,1м³ и 120л,240л; 1(едно) возило за собирање на комунален отпад со надградба со капацитет  од 20м3 за собирање и транспорт на отпад од контејнери за отпад со зафатнина од 1,1м³ и 120л,240л;  1( едно)  возило за миење улици – Цистерна со капацитет од 8 000 литри; 1( едно )специјално  возило – Трактор, да ги достават своите запечатени понуди.

4.   Поднесувањето понуди ќе се спроведе преку процедури за национално конкурентно наддавање  (NCB) како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, (од јануари 2011 година), и е отворен за сите Понудувачи од квалификуваните држави како што е дефинирано во тендерската документација.

5.   Заинтересираните Понудувачи може да добијат дополнителни информации од:
Александар Смически  и да извршат увид во тендерската документација на наведената адреса: Димитар Влахов бр. 57 од 08:00 до 16:00  часот не подоцна од 29/5/2018.

6.   Потребните квалификации вклучуваат:

(a)  Финансиска способност:
Понудувачот треба да достави документиран доказ дека ги исполнува следниве финансиски услови: годишен обрт од најмалку 300.000,00 ЕУР во било која од последните три години. Доколку Понудувачот е во форма на Заедничко вложување (ЗВ), сите членови на ЗВ треба заедно да  ги исполнуваат горенаведените услови за квалификација. Главниот носител на заедничкото вложување  треба да исполнува најмалку шеесет проценти од горенаведените  квалификациски услови.

(b)  Искуство и технички капацитет

Понудувачот треба да достави документиран доказ со кој ќе демонстрира дека ги исполнува следните услови во однос на искуство:

1.   Понудувачот треба да има искуство во производство и набавка на стоки слични на тие од понудата во период од најмалку пет години пред крајниот рок за доставување на понуди. Доколку Понудувачот е Заедничко вложување (ЗВ), главниот партнер треба да го исполни овој услов.

2.   Понудувачот треба да достави референтна листа за најмалку два (2) успешно спроведени договори во последните пет (5) години, за набавка на најмалку 3 исти или слични  возила кои се предмет на оваа набавка (возила за собирање и транспорт на отпад за контејнери со капацитет од 3м³, 8 м³, 20 м³, возило за миење улици – Цистерна со капацитет од 8 000 литри и специјално возило трактор.) Ако Понудувачот е Заедничко вложување (ЗВ), сите членови треба заеднички да ги исполнуваат сите квалификациски услови  и секој од членовите од ЗВ треба да има најмалку еден успешно спроведен договор во последните пет години за набавка на слични стоки.

3.   Понудувачот треба да достави детален опис на пост-продажните услуги и резервните делови на располагање во земјата на Купувачот за стоките кои се нудат во Понудата. Ако ваквите услуги не се достапни во земјата на Купувачот, Понудувачот треба да достави во понудата писмена потврда дека доколку е успешен, тој ќе биде застапен од страна на агент во земјата на Купувачот, како што е наведено во клаузула 19.1(б) од ИП и клаузула 19.1(б) од ИП во ЛПП.

Доколку Понудувачот е успешен, тој треба да достави документиран доказ за именување на квалификуван агент во рок од 28 дена од денот на приемот на известувањето за доделување на договорот.  Неможноста да достави ваков доказ преставува основа за поништување на Договорот. Во тој случај, Купувачот може го додели договорот на следниот Понудувач со најниска цена којшто има квалификации, во согласност со клаузула 44.2 од ИП.

(c)  Понудувачот треба да достави документиран доказ со кој ќе покаже дека  стоките кои ги нуди ги исполнуваат следниве услови за употреба:

Понудувачот ќе достави технички карактеристики во согласност со бараните технички карактеристики-спецификации на понудените специјални комунални возила, каталози, фотографии на возилата.

Нема повластување за домашни понудувачи односно стоки кои се произведени во земјата на Купувачот. Подетални услови во однос на квалификациите се дадени во тендерската документација.

7.   Заинтересираните Понудувачи може да ја купат комплетната тендерска документација на македонски јазик по поднесување на писмена апликација на адресата дадена подолу:

Општина Охрид , Предмет: Набавка на специјални комунални возила во општина Охрид Адреса: Димитар Влахов  бр.57, 1-ви кат- приземје Архива , Охрид , Поштенски број: 6000, Република Македонија и по плаќањето на неповратна такса од 80 ЕУР или противвредност во  македонски денари (МКД) во согласност со продажниот девизен курс на Народната банка на Република Македонија на денот на плаќањето.

a.)  За плаќања во МКД – број на сметка
Банка: Народна банка на Република Македонија
Број на сметка: 100000000063095
Уплатна сметка: 752014061463010
Приходна шифра: 724125 00 

Комплетот тендерска документација ќе биде испратен во електронска и печатена форма и преку брза пошта (DHL) на адресите доставени од страна на Понудувачите во форма на писмено барање.

Понудите треба да бидат доставени на долунаведената адреса: Општина Охрид, Предмет: Набавка на специјални комунални возила во општина Охрид Адреса: Димитар Влахов  бр.57, 1-ви кат- приземје ,Архива на општина Охрид  ,Охрид, Поштенски број: 6000, Република Македонија, не подоцна од:

12.00 попладне (по локално време) 11/6/2018

Сите понуди мора да бидат придружени со гаранција на понудата од не помалку од 13.500,00 ЕУР. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе решат да присуствуваат на адресата наведена подолу: Адреса: Димитар Влахов  бр.57, 1-ви кат, Конференциска салаво општина Охрид  , Охрид, Поштенски број: 6000, Република Македонија, во:

12.00 попладне (по локално време) 11/6/2018

Прочитано:  1553  пати
Објавено на: 08.05.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©