![](pictures/09_03_2018_CERTIFICATI_ISKUSTVA_7.jpg)
Градоначалникот на Охрид, д-р Јован Стојаноски денеска во големата сала на општина Охрид им додели сертификати за завршена практична обука на 61 ученик, од ОУТУ „Ванчо Питошески“ и СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ кои во рамки на „Erasmus + “ програмата беа на обуки во Шпанија и Бугарија.
![](pictures/09_03_2018_CERTIFICATI_ISKUSTVA_1.jpg)
Учениците од различни образовни профили од ОУТУ „Ванчо Питошески“ во Барселона, Шпанија обавуваа пракса на различни позиции во најпрестижни хотелско - угостителски објекти. Две групи од по 20 ученици од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ беа на пракса во реномирана здравствена установа во Мадрид, Шпанија и во Медицинската Академија во Софија, Бугарија. Обуките за трите групи ученици беа со времетраење од 21 ден.
![](pictures/09_03_2018_CERTIFICATI_ISKUSTVA_2.jpg)
Покрај меѓународно признатите сертификати коишто во иднина ќе им помогнат во градењето на професионална кариера, неколку ученици од медицинското училиште веќе добија и понуди за стипендии во Софија.
![](pictures/09_03_2018_CERTIFICATI_ISKUSTVA_4.jpg)
Доделувањето на сертификатите е уште една потврда за успешното реализирање на планираните проектни активности од двата „Erazmus +“ проекти кои ги доби општина Охрид.
![](pictures/09_03_2018_CERTIFICATI_ISKUSTVA_3.jpg)
![](pictures/09_03_2018_CERTIFICATI_ISKUSTVA_5.jpg)
|