Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
АКЦИЈА ЗА КАБАСТ И ЗЕЛЕН ОТПАД НАСЕЛБА „ЦРНОГОРЦИ„
Untitled Document

              Ј.П."Охридски Комуналец"-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 26.10.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.)  од населба „Црногорци„ . Заради поволните временски услови и уредување на дворните површини и градини,  со оваа акција ќе биде опфатено и подигнувањето зелен отпад од оваа населба.
          Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е."Механизација" на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П."Охридски Комуналец"  благовремено да го подигнат.
        Со оваа акција завршува есенскиот циклус на акции за подигнување кабаст отпад, а во саботите од месец ноември ќе се спроведат акции за подигнување зелен отпад:
          * 02.11.2013 год.: нас.„Христо Узунов„, „Карабегомала„ и „Горна Влашка Мала„ ;
          * 09.11.2013 год. : нас.„Воска„ и „Даљан„ ;
          * 16.11.2013 год. : нас.„Видобишта„ ;
          * 23.11.2013 год. : нас.„Црногорци„.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1314  пати
Објавено на: 24.10.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©