Градоначалникот Јован Стојаноски, беше дел од осмиот собир на Европските корисници на COMMON ASSESSMENT FRAMEWORK (CAF) моделите што се применуваат во јавната администрација, кој се одржа во Софија, Република Бугарија.
![](pictures/13_04_2018_CAF_2.jpg)
На собирот од страна на учесниците беа презентирани успешни примери од функционирањето на европската администрација, како и совети за подобрување на работењето на администрациите.
![](pictures/13_04_2018_CAF_1.jpg)
„CAF“ моделот, до крајот на 2017 година е имплементиран во 55 држави, односно во административното работење на 3970 организации од јавниот сектор. Имплементацијата на „CAF“ моделот, општина Охрид го започна во 2013 година. |