Претставници на инвестициските фондови и компании „Antriksh Group“ , „ Bhopesh Upadhyay“ и „ Muktistar“ од Индија, денеска имаа средба со заменик градоначалникот Ангел Јанев и раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој Ѓоко Апостолов, на која пројавија интерес за инвестирање во Охрид.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Indiska_del_feb_4852.jpg)
По презентирањето на можностите на Охрид, гостите од Индија посебно се интересираа за инвестирање во областа на туризмот, особено здраствениот, градежништвото и незагадувачката индустрија. На средбата гостите изразија задоволство од погодните услови за инвестирање, близината на аеродромот и пристаништата во Солун и Драч, како и модернизирањето на патната инфраструктура.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Indiska_del_feb_4851.jpg)
Извор: www.ohrid.gov.mk |