Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЈП „ГРАДСКИ ГРОБИШТА“ ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ИЗДАВАЊЕ ВРЕМЕНИ ОБЈЕКТИ ПОД ЗАКУП ЗА ПРОДАЖБА НА ЦВЕЌЕ
Untitled Document

ЈП"Градски Гробишта"Охрид ги известува сите правни и физички лица дека издава под закуп времени објекти-тезги за продажба на цвеќе во Градските Гробишта Охрид.

Тезгите се поставени на влезот од Градските Гробишта, на потегот од чуварската куќичка према гробиштата, означени со редни броеви 1 , 2, 3, 4 и 5. Истите ќе бидат издадени по пат на лицитација(јавно усно наддавање) за период од една година, почетна цена за секоја тезга е 4.500,оо денари.

Лицитацијата ќе се одржи на ден 19.07.2013 год.(петок) со почеток во 10.00 часот во административните простории на ЈП„ Градски Гробишта“ Охрид.

Право на учество имаат сите правни и физички лица кои Ќе достават свои пријави во рок од 8 (осум) дена од денот на објавувањето на огласот.

Пријавите треба да содржат број на тезгата за која пријавениот е заинтересиран, како и точен назив на правното лице, седиште, жиро сметка и даночен број и истите да бидат доставени во затворен плик на кој ќе стои точната адреса на издавачот на деловните простори: ЈП"Градски Гробишта"Охрид, "15ти Корпус" бб Охрид.

Сите заинтересирани за подетални информации можат да се јават во административните простории на ЈП"Градски Гробишта"Охрид секој работен ден од 07.00 до 15.00 часот или на телефонот 267-268.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1237  пати
Објавено на: 08.07.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©