Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ САНИРАAT ОШТЕТУВАЊАТА НА ПАТОТ КОЈ ВОДИ ДО С.ЛЕСКОЕЦ
Untitled Document

Продолжуваат активностите за санирање на оштетувањата на патиштата низ општина Охрид. Ј.П "Македонија пат"-секција Охрид, интензивно продолжува со асфалтирање на ударните оштетувања на патот кој води кон с.Лескоец, на делницата од кружниот тек кај ресторанот Панорама до  Градските гробишта. Ова е втората етапа од поправката на патната мрежа во Охрид, која ја спроведува Ј.П "Македонија пат" после санацијата на патот од булеварот "Туристичка", па се до хотелот "Гранит", во двата правци. Според информациите на "Македонија пат", до сега се санирани оштетувања од преку 1500 м2, а активностите за поправка и нормално функционирање на регионалните и локалните патни правци ќе продолжат и понатаму.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1250  пати
Објавено на: 18.05.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©