Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ХУМАНИТАРЕН ХЕПЕНИНГ ЗА ПОМОШ НА САРА НАСТЕСКА
Untitled Document

 

Со цел да и се помогне на Сара да ја врати златната насмевка на нејзиното лице и да се охрабри Виктор во неговиот јуначки гест, во училишната сала од ОУ „Григор Прличев“, во недела со почеток во 19 часот ќе се организира хуманитарен маскенбал по повод Halloween за учениците од осмо и деветто одделение и за средношколци од прва и втора година. Влезот е 100 денари и собраните средства ќе бидат наменети за лекувањето на Сара.

Исто така, вработените и учениците во ОУ „Григор Прличев“ Охрид организираат хуманитарен хепенинг во среда 24.10.2018 во 17:00 часот со акцијата: Од мене, од тебе, од нас… за Сара!

Се покануваат сите граѓани на Охрид да земат учество на продажната акција со свои креативни дела, со цел да им покажеме на Сара и Виктор дека хуманоста и другарството немаат граници !

Прочитано:  990  пати
Објавено на: 20.10.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©