По повод 4. март, денот на раѓањето на Тодор Александров, во спортската
сала која го носи неговото име, од страна на ОУ „Живко Чинго“, и Сојузот за
училишен спорт, а под покровителство на в.д. градоначалникот, Константин
Георгиески, беше организиран спортски ден. Учесници на манифестацијата беа учениците од основните школи од Охрид и Дебрца.
![](Pictures/sportski_den_velgosti_2019_400.jpg)
Навистина ме радува фактот што Охрид
како град може да се пофали со голем број на ентузијасти, особено во сферата
на спортот. Ова е од големо значење за градот, бидејќи преку промоцијата на
здравиот и активен начин на живот ги поттикнуваме да чекорат по вистинскиот
пат. Токму тоа е причината што денес сме овде собрани во спортска сала
„Тодор Александров“ во Велгошти, да го означиме почетокот на оваа спортска
манифестација. Ваквите настани секогаш се сон за сите играчи и место каде
може да ги покажат своите знаења и вештини. Се надевам дека овој настан ќе
претставува дополнителна инспирација кај младите луѓе што поактивно да се
занимаваат со спорт, истакна в.д. градоначалникот Георгиески.
![](Pictures/sportski_den_velgosti_2019_4001.jpg)
![](Pictures/sportski_den_velgosti_2019_4003.jpg)
![](Pictures/sportski_den_velgosti_2019_4004.jpg)
![](Pictures/sportski_den_velgosti_2019_4006.jpg)
![](Pictures/sportski_den_velgosti_2019_4007.jpg)
Во рамки на манифестацијата беа организирани натпревари во повеќе дисциплини
и тоа во мал фудбал, баскет, пинг понг и шах во машка и женска
конкуренција.
|