Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СПОРТСКИ ИГРИ И СРЕДБИ НА СИНДИКАТОТ НА УПОЗ
Untitled Document

На свеченото отворање на традиционалните 23-ти спортски игри и средби на синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани УПОЗ, синоќа во хотелот „Белви“ , во името на градот домаќин учесниците ги поздрави и им посака топло добредојде  заменик градоначалникот Ангел Јанев.

-Чест ни е што го одбравте Охрид за место на одржување на Вашите традиционални спортски игри и средби на кои има околу четиристотини учесници, меѓу кои се и гостите од синдикатите од Хрватска,Црна Гора,Србија и Босна и Херцеговина.Следниве неколку дена, по напорната работа во институциите во кои сте професионално ангажирани, низ спортските активности и  дружењето ќе се почувствувате порелаксирани и во вашите средини ќе се вратите исполнети со задоволство и позитивна енергија која ќе ја пренесете на Вашите колеги.

Уверен сум дека, покрај спортските активности и работни средби, ќе одвоите дел од Вашето слободно време за  да  разгледате дел од  културно- историското и природно богатство на  Охрид и да ја почуствувате нашата гостопримливост.Горди сме , што токму поради тие богатства  Охрид и Охридското Езеро се ставени на листата на УНЕСКО како заштитени културни и природни реткости од светско значење- рече заменик градоначалникот Ангел Јанев.

Спортските игри и средби на синдикатот на работниците од управата,правосудните органи и здруженија на граѓани на Република Македонија,завршуваат во недела на 11 јуни.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1521  пати
Објавено на: 09.06.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©