![](pictures/14_03_2018_IZRAELCI_DELEGACIJA_5.jpg)
Градоначалникот на Охрид д-р Јован Стојаноски и неговите блиски соработници денес во општинската зграда имаа работна средба со група бизнисмени од Израел.
![](pictures/14_03_2018_IZRAELCI_DELEGACIJA_1.jpg)
![](pictures/14_03_2018_IZRAELCI_DELEGACIJA_3.jpg)
Целта на состанокот беше зајакнување и продлабочување на бизнис релациите помеѓу двете земји, Македонија и Израел и запознавање со бизнис можностите кои ги нуди Охрид.
На состанокот претставници од Секторот за ТЛЕР ги презентираа туристичките потенцијали на Охрид, а им беа презентирани и бизнис можностите во други сегменти. Гостите беа информирани и за поволностите кои на национално ниво им стојат на располагање за започнување на бизнис во Република Македонија.
![](pictures/14_03_2018_IZRAELCI_DELEGACIJA_2.jpg)
Со цел да воспостават конкретни бизнис релации , во рамки на посетата за израелските гости ќе бидат организирани средби со преставници на бизнис заедницата од Охрид.
![](pictures/14_03_2018_IZRAELCI_DELEGACIJA_4.jpg)
|