Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОГРАМИ И ПРОЕКТИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2016 ГОДИНА
Untitled Document

Врз основа на член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 34 од Статутот на Општина Охрид (Сл. гласник на Општина Охрид бр. 8/07 и 1/08), Градоначалникот на Општина Охрид објавува: 

ЈАВЕН ПОВИК

ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОГРАМИ И ПРОЕКТИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА 2016 ГОДИНА

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Општина Охрид заради остварување на јавните потреби и јавниот интерес, на Јавниот повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на Општина Охрид за 2016 година, ќе поддржи програми и проекти на здруженија на граѓани, поединци и институции кои обезбедуваат стимулирање и презентација на вредности и достигнувања од јавен интерес во различни области: култура, спорт, образование, социјала, екологија, здравство и млади; традиционални манифестации од локален, регионален, национален и меѓународен карактер и различни видови активности на лица со посебни потреби.

II. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ

На Јавниот повик право на учество имаат правни и физички лица.
- Под правни лица се подразбираат установи од областа на култура, спорт, образование, социјала, екологија, здравство и млади, здруженија на граѓани, асоцијации и слично, регистрирани во Република Македонија,
- Правните и физичките лица кои имале поддржани проекти од Општина Охрид во претходниот период, треба да ги имаат исполнето сите обврски во согласност со склучените договори со општина Охрид.

III. НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Аплицирањето се врши на стандардизирани обрасци кои се задолжителни за секој апликант и се составен дел на документацијата од самиот јавен повик.
Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на пополнета пријава. Пријава се презема од веб страната на Општина Охрид (www.ohrid.gov.mk) и се пополнува со впишување на податоци на означеното место со потпис и печат на овластеното лице. За секој проект/програма се пополнува одделна пријава.
Програмите и проектите за кои ќе бидат доделени финансиски средства, треба да се реализираат на територијата на Општина Охрид, во текот на 2016 година.
Апликантите покрај пријавата, задолжително треба да ги достават и следните документи:
- фотокопија од документ за регистрирана дејност издаден од Централен регистар на Република Македонија
- копија од потврда за отворена и активна жиро сметка (за правни лица) или копија од трансакциска сметка (за физички лица)
- Физичките лица/автори кои поднесуваат пријава на Јавниот повик треба да достават и копија од уверение за државјанство на Република Македонија.
Со пријавата може да се достават и други документи/материјали за дообјаснување на проектот, за кои учесникот на Јавниот повик цени дека е потребно да ги достави. 
Нема да бидат разгледувани пријави: доставени по истекот на рокот на Јавниот повик, пријави доставени по електронска пошта, пополнети на несоодветен образец, нецелосно пополнети и нецелосни пријави без приложени документи кои задолжително се бараат. Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат.

Пријавите со документите се доставуваат по пошта во затворен коверт на адреса: Општина Охрид ул. „Димитар Влахов“ бр. 57, 6000 Охрид со назнака за „Јавен повик за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на општина Охрид за 2016 година“ или лично во архивата на Општина Охрид.
Јавниот повик трае 30 дена од денот на објавувањето.

IV. КРИТЕРИУМИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ

За да се утврди дека програмите и проектите се од интерес на Општина Охрид, тие треба да исполнуваат најмалку еден од следниве општи критериуми:

да допринесат за побогат, поквалитетен и разновиден јавен живот на ниво на општината;

иновативност, впечатливост и оригиналност на идејата;

чување и афирмирање на материјалното, духовното и културното наследство;

поттикнување и афирмирање на културните разноликости на припадниците на етничките зедници;

континуитет на традиционални манифестации што се од интерес за општината;

презентирање и афирмирање на современото творештво, урбаната култура и јавната уметност;

подобрување на образованието;

афирмирање и поддршка на млади уметници и автори;

развивање и поддршка на младите, младинската партиципација и учество и младинската култура во чии рамки ќе се поддржуваат креативни и едукативни проекти;

воспоставување на соработка и партнерства во рамките на предложениот проект со една или повеќе јавни установи од општината, национални установи, граѓански организации, образовни институции и други организации;

одбележување јубилејни настани и значајни датуми;

организирање на меѓународни манифестации што се одржуваат во Општина Охрид;

стимулирање и поддршка на разни партнерски меѓународни проекти;

поттикнување на научната и критичката мисла преку организирање на семинари, конференции и дебати;

потикнување на креативноста и подобрување на развојот на децата и младите и лицата со посебни потреби;

унапредување на животот на лицата со посебни потреби;

развој на спортските активности кај лицата со посебни потреби;

стимулирање и потикнување на здравјето на граѓаните;

квалитетен, богат и разновиден спортски живот на ниво на Општина Охрид;

развој и унапредување на сите форми на училишен спорт;

афирмација на масовниот и другите спортови и рекреацијата кај сите возрасни групи и категории на население од општината;

заштита и унапредување на животната средина.

Оценувањето на поднесените проекти/програми ќе се врши согласно Правилникот за
начинот, постапката и критериумите за финансирање на програми и проекти од јавен интерес на Општина Охрид за 2016 година.

V. ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ЈАВНИОТ ПОВИК

            Учесниците на Јавниот повик за резултатите ќе бидат известени со Решение донесено од Градоначалникот на Општина Охрид.
Резултатите од Јавниот повик ќе бидат објавени на веб страната на Општина Охрид (www.ohrid.gov.mk).
Бројот на поддржани проекти/програми на Јавниот повик и висината на средствата со кои ќе се поддржат проектите ќе се утврдат во согласност со Буџетот на Општина Охрид за 2016 година.

VI. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

            Дополнителни информации во врска со Јавниот повик може да се добијат на тел. 046 262 492/262 493 (во Одделение за образование).

Во прилог можете да ги преземете документите во word формат:

Јавниот повик трае 30 дена од денот на објавувањето.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1337  пати
Објавено на: 12.01.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©