Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОПШТИНА ОХРИД СЕ ПОКЛОНА ПРЕД ВЕЛИКАНОТ ХРИСТО УЗУНОВ
Untitled 1 Untitled Document

Охрид, денеска, со повеќе манифестации ја одбележува 109 годишнината од смртта на корифејот на Македонската револуционерна борба, Христо Узунов.


Чествувањата започнаа со достоен историски час посветен на херојската погибија на Христо Узунов и неговата чета.  На спомен обележјето на Христо Узунов се поклонаа и положија цвеќе делегациите на општина Охрид, Основното училиште кое го носи неговото име „Христо Узунов“ , политичките партии, бројни здруженија на граѓани и поединци почитувачи на ликот и делото на Узунов.


Свеченоста продолжи во с. Цер – Кичевско, каде што се одржа панихида во чест на херојот. На паметникот на херојот се поклони и делегацијата на општина Охрид.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1307  пати
Објавено на: 24.04.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©