Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДЕНОВИ НА РУСКИОТ ФИЛМ
Untitled Document

Во рамки на манифестацијата „Денови на рускиот филм“, што Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија ја организира во соработка со Кинотеката на Македонија, во Скопје ќе бидат прикажани повеќе руски филмови со воена тематика, а еден од нив ќе биде прикажан и пред охридската публика.
Филмот „Белиот тигар“ на режисерот Карен Шахназаров, ќе биде прикажам во Охрид, на 15-ти мај, во 19:30 часот во амфитеатарот на Филмскиот институт во Универзитетот „Апостол Павле“.
„Белиот тигар“ е високобуџетен филм, со 11 милиони долари, а е снимен за три и пол години во продукција на „Мосфилм“. Главните улоги ги играат Алексеј Вертков и Виталиј Кишченко.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1381  пати
Објавено на: 12.05.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©