Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
АВИО ЗАПРАШУВАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ
Untitled Document

Министерството за Транспорт и врски во соработка со Министерството за Здравство во  недела на 22    мај  2016 год.ќе изврши авио третирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци ( аеросолна адултицидна дезинсекција) Запрашувањето  ќе започне  во  05 часот  и ќе трае до  10 часот. Истото  ќе се одвива на површина од  1500 хектари  и тоа на крајбрежјето на потегот од  с. Подмоље до населба Св. Наум и на територијата на град Охрид.

Поради запрашувањето против комарци се известуваат пчеларите на 22 мај  (недела ) 2016 год. да не ги пуштаат пчелите од кошниците, односно да ги преземат потребните мерки за нивна заштита.

Се известуваат граѓаните на Општина Охрид дека препаратот со кој ќе       се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата.
Доколку временските услови не го овозможат вршењето на дезинсекцијата, запрашувањето ќе се изврши во наредниот поволен период.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1343  пати
Објавено на: 19.05.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©