Во рамки на Годишната програма за работа на Секторот за комунални
дејности сообраќај и улици , а согласно залагањата на
градоначалникот Никола Бакрачески за изградба на спортски и детски
игралишта , деновиве активно се работи на изградба на фудбалско игралиште во
с. Лескоец.
![](http://ohrid.gov.mk/Pictures/igralishte_leskoec_400.jpg)
Во моментов се работи на проширување на теренот кон источната страна и во
насока на ОУ „Ванчо Николески“
![](http://ohrid.gov.mk/Pictures/igralishte_leskoec_4001.jpg)
Се очекува градежните активности да завршат до почетокот на летната
туристичка сезона со што мештаните на ова охридско село ќе добијат соодветен
простор за спортување и рекреација.
![](http://ohrid.gov.mk/Pictures/igralishte_leskoec_4002.jpg)
Извор: www.ohrid.gov.mk |