Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД ДОМАЌИН НА РАКОМЕТНАТА ЕЛИТА ОД МАКЕДОНИЈА
Untitled Document

Охрид викендов ќе биде домаќин на ракометната елита од Македонија. Викендов во СРЦ „Билјанини извори“ започнува Ракометниот куп на Македонија, кој по втор пат во изминативе три години се организира во Охрид.

Новитет во годинешната завршница од купот е тоа што пласман меѓу најдобрите четири екипи освои и охридскиот ракометен клуб. Покрај РК Охрид, во фајнал форот ќе играат екипите на Вардар, Металург и Вардар јуниор.

- Сакам да изразам голема благодарност до Ракометната федерација на Македонија (РФМ) што ги одбра Охрид и спортската сала „Билјанини Извори“ за организатори на завршниот турнир во Купот на Македонија. Интензивната комуникација со РФМ и останатите спортски федерација во Македонија ни носат голем бенефит за нас како Јавно претпријатие „Билјанини Извори“ и градот Охрид. За што подобра атмосфера и посетеност на мечевите од Купот ние како организатори одредивме популарна цена. Дневниот билет за полуфиналните натпревари ќе чини 50 денари додека билетот за финале чини 100 денари. –истакна директорот на Ј.П. „Билјанини Извори“, Ристе Мишев. 

Охридските ракометари силите ќе  ги измерат со играчите на актуелниот шампион Вардар. Во другиот полуфинален натпревар ќе играат Металург и Вардар јуниор.

- Ракометарите, стручниот штаб и раководството на клубот потполно го заслужи пласманот во одбраното друштво во Купот на Македонија. Среќата во ждребката не` не посака и ни се падна Вардар, но пак, ние во двата суперлигашки мечеви покажавме дека можеме да се надигруваме. Вардар е голем фаворит не само против нас туку и за трофејот и нам ќе ни преставува огромна чест што ќе можиме уште еднаш да ги одмереме силите,рече охридскиот стратег, Горан Андоновски. 

Првиот полуфинален натпревар е закажан за 13 мај (петок) во 17:30 часот помеѓу екипите на Металург и Вардар јуниор, а вториот помеѓу Охрид и Вардар е со почеток во 20 часот.
Саботата (14 мај) е резервирана за големото финале кое ќе започне во 17:30 часот.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1375  пати
Објавено на: 12.05.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©