Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СОРАБОТКАТА СО ФРАНЦИЈА ЌЕ СЕ ПРОШИРУВА И ВО ОБЛАСТА НА ТУРИЗМОТ
Untitled Document

Успешната соработка меѓу Република Македонија и Република Франција и натаму ќе се продлабочува со нови содржини, од кои дел ќе се реализираат во Охрид- беше речено на денешната средба на Градоначалникот Никола Бакрачески и Претседателот на Советот на Општина Охрид Гордана Коњаноска со француска делеација, предводена од Изабел Марки Барбо, директор на Францускиот институт и советник за култура во Амбасадата на Франција во Македонија.

Покрај успешната реализација на Фестивалот на францускиот филм и соработката со Фестивалот „ Охридско лето“ , на денешната средба, беше најавено проширување на соработката во областа на туризмот. Беше најавено дека во периодот од 20 до 23 јуни 2016 година, во Охрид ќе  претстојува делегација од областа Алзас, во која ќе бидат и неколку врвни француски готвачи, кои, како што се планира ќе ја почнат соработката со отсекот за гастрономија при Факултетот за туризам и угостителство. Целта е збогатување на менијата на рестораните и хотелите со француски специјалитети.

Вториот проект е помош во организирање курсеви за туристичките работници и вработените во рестораните и хотелите за изучување на францускиот јазик. Со овој проект ќе се придонесе за подобра комуникација со гостите и зголемување на бројот на туристите од Франција, Белгија и Швајцарија, како и од другите франкофонски земји.Податоците покажуваат дека минатата година Охрид го посетиле околу 7 илјади француски туристи, а 30 отсто од посетителите од  земјите на Бенелукс, говорат француски јазик.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1404  пати
Објавено на: 03.06.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©