Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
УЧЕНИЦИТЕ ОД ООУ КОЧО РАЦИН НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ
Untitled Document

Градоначалникот Никола Бакрачески денес ги прими во посета учениците од Општинското Основно Училиште "Кочо Рацин". Повод за ваквата средба беа одличните резултати кои  во изминатиот период на регионалните натпреварувања по физика и математика ги постигнаа учениците Климент Младеноски, Љубица Илиќ, Георги Ставрески и Афродита Адамова предводени од менторот, наставничката Силвана Крстеска.

Талентираните ученици секогаш ќе бидат поддржани од страна на Локалната самоуправа бидејќи тие се најдобрите репрезенти на традицијата на охридското образование, култура, а образованието на младите генерации представува основа за градење на едно побогато општество и иднина како за локалната така и за пошироката  заедница”, истакна Градоначалникот Бакрачески.

Во наредниот период, локалната самоуправа особено внимание ќе посвети на откривањето, стимулирањето и на работата со талентираните ученици, и тоа почнувајќи од градење на образовна политика во Општина Охрид за работа со овие ученици, преку нивно откривање-детекција, па сè до ангажирање во конкретни проекти. За таа цел, ќе се стимулираат програми од повеќе области за развивање на инструменти и критериуми за идентификување на талентирани и надарени ученици од основното и средното образование. Општина Охрид ќе спроведе соодветна стратегија во  училиштата за поддршка  на овие ученици и ќе изработи програми заработа и следење на нивното напредување.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1244  пати
Објавено на: 30.04.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©