![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Ukrasuvanje_ng_4851.jpg)
До средината на наредната недела во целосно новогодишно руво треба да блесне Охрид. По украсувањето на периферните делови во тек е декорирањето на чаршијата и останатото централно градско подрачје. Фирмата „Метал Ват “ од Скопје која по претходно објавен јавен оглас на општината беше избрана за најповолен понудувач ги декорира охридската чаршија, ул. „Македонски Просветители“, кеј „Македонија“, градскиот парк , пристанишниот простор, плоштадите „Св. Климент Охридски“ и „Крушевска Република“ и крак од ул. „Гоце Делчев“ односно старата охридска чаршија. Останатите јавни површини во градов Општина Охрид ги декорира со реквизитите кои ги има на располагање од минатите години.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Ukrasuvanje_ng_4853.jpg)
Годинава за прв пат украсувањето на чаршијата покрај со зеленило ќе биде дополнето со ѕвездено небо кое ќе блесне по целата нејзина должина од градскиот плоштад до чинарот .
Новина годинава е и украсувањето на Светилникот на охридското пристаниште, а на плоштадот „Св. Климент Охридски“ покрај останатите светлечки реквизити ќе има и детски тунел.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Ukrasuvanje_ng_4852.jpg)
Извор: www.ohrid.gov.mk |