Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЧИСТЕЊЕ КАЈ ХОТЕЛ МИЛЕНИУМ И ПЕШАЧКАТА ПАТЕКА ВО РАЧА
Untitled Document

Денес по налог на комунална инспекција, согласно програмата за вонредни активности на Ј.П. “Охридски Комуналец” во делот на "јавна чистота" се изврши багеровање на езерскиот дел кај хотел “Милениум” од наноси на муљ, распадната алга и трска. Беа ангажирани специјално возило ИЦБ и камион кипер, при што беа подигнати, транспортирани и депонирани околу 30м/3 муљ. Исто така дел од екипите на "Јавна хигиена" беа ангажирани на расчистување на делот од коритото од реката во населбата "Рача", под пешачката патека, каде што се влева во езерото. Поради непристапноста на теренот за багер, беа ангажирани 4ца работници за рачно расчистување на наноси од земја и песок, со цел да се овозможи слободен тек на водата која ќе надојде во пролетните месеци поради топењето на снегот.

Повеќе...

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1330  пати
Објавено на: 02.02.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©