Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
Ј.П. ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ ГО УРЕДУВА ЦЕНТРАЛНОТО ГРАДСКО ПОДРАЧЈЕ
Untitled Document

Во текот на денешниот ден, покрај тековните активности на Ј.П. "Охридски Комуналец", се изврши уредување на централното градско подрачје кај градскиот плоштад. Се отстрануваа старите садници кои беа од сортата "Виола" (народски очиња) и се заменаа со нови сезонски садници од сортата "Џунџуле". На постоечките држачи за саксии се поставија саксии со "Петунија"и се уредија зелениките, а поради поголемиот број на туристи кои го посетуваат градот, и малиот капацитет на клупи, се поставија 5 нови клупи на градскиот плоштад. Друг дел од екипите на претпријатието беа ангажирани на расчистување на потегот према црквата "Св. Спас" во с. "Лескоец" и пристапните патишта кои водат до неа, како и центарот на селото.

Повеќе...

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1384  пати
Објавено на: 19.05.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©