Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПРЕД БИСТИТЕ НА ИЛИНДЕНСКИТЕ ХЕРОИ
Untitled Document

По повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, делегација на Општина Охрид предводена од претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњановска,  денеска  положи свежо цвеќе пред спомен обележјето  на Илинденците и  борците во градскиот  парк.

Свежо цвеќе положија и делегации од Сојузот на борци на Народно Ослободителната Борба,  советници од Советот на општина Охрид, политички партии, останати претставници од јавниот живот и граѓани.  

Делегација од општина Охрид  денеска  во село Плаќе положи цвеќе пред спомен обележјето на паднатите борци во востанието кај Рашанец.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1437  пати
Објавено на: 02.08.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©