Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРЕТХОДНАТА ЛОКАЛНА ВЛАСТ ЈА СОЗДАДЕ ДЕПОНИЈАТА КАЈ „МАУЦКЕР“
Untitled Document

На денешната 51 седница на Советот на општина Охрид, градските советници   ја  разгледаа предлог одлуката за усвојување на Програмата за управување со отпад на општина Охрид за 2016 година.
Секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески   објаснувајќи зошто оваа Програма е оправдана потсети дека дивата  депонија за комунален отпад  кај локалитетот „Мауцкер“  е создадена во периодот на претходната локална власт.   

- На денешната седница на Совет, чудни тези и ставови провеаја  во однос на депониите во  Охрид пред се за депонијата кај „Мауцкер“. Опозицијата упорно инсистира на провејување на ова тема во јавноста . Факт е дека депонијата „Мауцкер“ е создадена во едно друго време под превезот за „Чист Охрид“. Стануваше збор за една кампања која што тогашното раководство на ЈП „Охридски комуналец“ ја спроведуваше и навистина секаков обид за промена на тезите едноставно е обид за „перење“ на совеста и на намерно извртување на тезите дека депонијата ја создал некој друг а не тие кои се најповикани за тоа. Иако сегашната опозиција десеттина години учествуваше и ја партиципираше  власта во рамки на локалната смоуправа во Охрид сепак во рамки на својот мандат никогаш не презеде конкретни мерки и активности за надминување на овие состојби. Напротив, одлуката којашто тогашниот Совет ја донел за депонирање градежен шут на таа локација свесно е изигран и таму се депонирани илјадници кубици отпад којшто ние како нова локална самоуправа од почетокот на нашиот мандат континуирано се залагаме за расчистување и средување на таа локација. Иако го донесовме Деталниот Урбанистички План со којшто се предвидоа можности за изградба на индустриската развојна зона на тој дел, сепак големото количество на отпад што е депониран многу одамна од страна на минатата локална самоуправа создава сериозни проблеми во однос на чистење на тие локации и конечно реализација на тој проект. Оваа локална самоуправа од самиот почеток во областа на управувањето со отпад има донесено неколку значајни мерки и активности и од тој аспект тврдењата на опозицијата дека се работи за обичен лист хартија наречен програма навистина не држат. Непосредно по преземањето на власта ова локално раководство донесе одлука за приклучување кон иницијативата за изградба на регионални депонии, она што претходно иако требало не се направило. Оваа локална самоуправа направи забрана за депонирање отпад на тој дел од Охрид . Актуелното локално раководство презема активности со кои се настојува да се заштити тој дел од понатамошно фрлање отпад, рече Секретарот на општина Охрид Димитар Спасески  кој посочи дека оваа локална гарнитура со финансиска поддршка од Светска Банка  ја огради депонијата во Буково.     

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1387  пати
Објавено на: 29.02.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©