Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД СО КВАЛИФИКУВАНИ КАДРИ ЌЕ ГИ ДОЧЕКА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ
Untitled Document

Со цел да се олесни пристапот на странските инвеститори кои се одлучиле да инвестираат  кај нас  како  и да се привлечат нови  инвеститори , Општина Охрид во соработка со Работничкиот универзитет  ќе спроведува обуки за преквалификација и доквалификација на невработените лица  зависно од потребите на инвеститорите .
 


 - Ние веќе стапивме  во контакт и со оние компании кои што  ќе одлучат да инвестираат во Охрид и со оние кои што од средбите со градоначалникот се најавени како можни потенцијални инвеститори. Побаравме од нив да ни дадат еден список на занимања и струки кои што им се потребни во нивниот производствен процес.  Заедно со Работничкиот универзитет и други специјални установи од нашиот град и од државава ние во наредниот период ќе извршиме селекција на кадри односно невработени лица кои што согласно на потребите  на овие компании ќе ги обучиме за кога ќе дојде периодот да се  објавуваат огласи за вработување според карактеристиките на овие компании ние да им понудиме готов кадар. Тоа ќе претставува еден чекор понапред во однос на искажувањето на сериозност што како Локална самоуправа ние го нудиме и сме спремни да го направиме кон странските инвеститори  и се надеваме дека на тој начин ќе ги придобиеме оние кои што имаат се уште дилема каде да инвестираат,изјави раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој, изјави  раководителот на Секторот за туризам и локален  економски развој ,  Ѓоко Апостолоски  .   
 

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1314  пати
Објавено на: 10.10.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©