Лилјана Јоноска и Биљана Анѓелоска од Секторот за урбанизам при општина Охрид, денеска пред дел од општинската администрација одржаа презентација за значењето на SymbioCity пристапот при урбанистичко планирање и развој по стекнатото искуство од учеството на првата работилница во Белград.
![](pictures/26_02_2018_PREDAVANJE_URBANIZAM_2.jpg)
На присутните им беше укажано дека SymbioCity пристапот е метод, концептуална рамка којшто ќе најде примена за овозможување локална демократија и холистички урбан развој на Охрид.
![](pictures/26_02_2018_PREDAVANJE_URBANIZAM_1.jpg)
Двете охриѓанки се единствените претставнички од Македонија на тренинг програмата што ја организира Интернационалниот центар за Локална демократија од Шведска. Покрај нив на обуките учествуваат претставници од Србија,Украина и Турција. По првата работилница одржана неодамна во Белград, дваесетте учесници поделени во осум работни тима ќе земат учество во уште четири работилници кои ќе се реализираат во наредниов период.
![](pictures/26_02_2018_PREDAVANJE_URBANIZAM_3.jpg)
|