Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ УТРЕ ВО ПАРИЗ НА СРЕДБА СО ДИРЕКТОРКАТА НА УНЕСКО ИРИНА БОКОВА
Untitled Document

Градоначалникот Никола Бакрачески, утре на негово лично барање, во Париз,  ќе има средба со директорката на УНЕСКО Ирина Бокова. На средбата се очекува да стане збор за заштитата на Охрид, а посебно за изнаоѓањето можности за финансирање на реконструкцијата и надградбата на колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро.Од прогласувањето на Охрид и Охридското Езеро за природно и културно наследство под заштита на УНЕСКО, ова е прва средба на градоначалник на Охрид со генералениот директор на УНЕСКО во Париз.
Пред официјалната средба со директорката на УНЕСКО Ирина Бокова, утре во Париз, градоначалникот Никола Бакрачески ќе има средба со Мечил Рошер, директорка на одделот за Светско наследство, на која исто така ќе се разговара за реконструкцијата и надградбата на колекторскиот систем.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1360  пати
Објавено на: 14.12.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©