Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЈОУДГ „ЈАСНА РИСТЕСКА“ УЧЕСНИК НА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕЦИЈА ВО БЕЛГРАД
Untitled Document

Во организација на ПРЕЦЕДЕ програмата, а во соработка со Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, ЈОУДГ„Јасна Ристеска“- Охрид заедно со представници од МТСП, БРО и  уште девет други градинки од  Р. Македонија вклучени во програмата,  зеде учество на Меѓународна конференција во Белград на 20-21.09.2014 година.


Конференцијата беше на тема: „Моќта на раниот детски развој во градењето на мирот во Европа“, а предавачи беа истакнати експерти во областа на раниот детски развој од Канада, Америка, Ирска, Холандија, Данска и др.,со кои по пленарните седници имаше организирани работилници. Нашиот претставник учествуваше на сл. работилници:


1.Употреба на персонализирани кукли и
2. Истражување и мониторинг


Конференцијата ја следеа учесници од Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора,Албанија, Косово и Северна Ирска. 

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1268  пати
Објавено на: 25.09.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©