Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВИСОКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ДАЛИАН ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Градоначалникот Никола Бакрачески, денес  во тридневна посета ја прими петчлената делегација од збратимениот кинески град Далиан, предводена од Хан Кјујанг, заменик генерален директор за меѓународни односи на градот Далиан. Во делегацијата се и менаџерите на врвни компании од областа на градежништвото, инвестициски фондови и енергетскиот сектор. Познато е дека во кинеската долгорочна стратегија, Македонија се гледа како одлична дестинација за бизнис и пристап до Европа и Африка.На средбата високите гости од Кина го запознаа градоначалникот Бакрачески со конкретни чекори што кинеските потенцијални инвеститори ги презеле до овој момент. Беше презентиран акционен план, во кој беа посочени насоките, принципите за инвестирање, потребната логистика и очекуваните резултати.

Од своја страна градоначалникот Бакрачески, пред кинеската делегација ги презентира можностите и поволностите за инвестирање во Охрид, преку девет одбрани локации и проекти кои би биле најатрактивни за кинеските партнери. Во наредните два дена гостите од Далиан ќе имаат можност да ги посетат посочените локации, а ќе им бидат обезбедени сите потребни информации за секоја проект поединечно.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1332  пати
Објавено на: 12.05.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©