Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА СО ДОНАЦИЈА ЗА ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР „ЗРАЦИ“
Untitled Document

Локалната самоуправа преку Јавното претпријатие „Нискоградба“ , на дневниот центар  за лица со посебни потреби „Зраци“ им донира пумпа, која им беше неопходна за одведување на отпадните води.

Дневниот центар „Зраци“, веќе подолго време имаше потреба од оваа пумпа, бидејќи просториите на дневниот центар се наоѓаат под нивото на канализационата мрежа, поради што кујната не ни беше во функција.  Јавното претпријатие „Нискоградба“, ја донира пумпа и целосната инсталација на истата. На тој начин се реши еден од поголемите проблеми кои ги има овај центар, рече Зоран Костадиноски, дефектолог во дневниот центар „Зраци“.

Општествената одговорност и помагањето на ваквите институции се во врвот на приоритетите на ЈП „Нискоградба“, истакна директорот Сашо Донев.

Деновиве завршивме со подготовките за поставување на пумпата со што се создадоа услови за нејзино поставување. Како што кажаа и луѓето што овде работат, со ова им се подобри начинот на функционирање. Секогаш стоиме на располагање кога станува збор за општествена одговорност - додаде Донев.

Со поставување на  пумпа не завршуваат активностите на ЈП „Нискоградба“ во дневниот центар. Во наредниот период ќе следуваат други помали зафати во центарот се со цел за полесно да може да функционира.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1342  пати
Објавено на: 12.05.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©