Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ТРЕБА ДА СЕ ПРОДОЛЖАТ РЕШЕНИЈАТА ЗА КАТЕГОРИЗАЦИЈА
Untitled Document

Сите станоиздавачи од мал обем, на кои им истекол рокот на решението за категоризација, должни се да поднесат ново барање за продолжување на решението за извршена категоризација на угостителски објекти за сместување од мал обем.


Согласно Законот за угостителска дејност (Сл. Весник на РМ бр. 62/04, 89/08, 115/10, 53/11, 141/12, 164/13 и 187/13) член 33 став 1, важноста на Решението за извршена категоризација на угостителски објекти  трае 3 (три) години од денот на изготвување на истото.
За физичките лица кои издаваат легла во сместувачките капацитети од мал обем, а немаат решение за категоризација или важноста на истото е истечена, Општинскиот инспекторат секојдневно врши контроли на терен и согласно Законот за угостителска дејност се превземаат соодветни мерки.
Барањето се поднесува во Секторот за туризам и локален економски развој со седиште во просториите над УНИ банка (втор кат). Подетални информации може да се добијат на тел. 046/230-175.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1300  пати
Објавено на: 23.06.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©