![](pictures/poseta_sofija_2018_4004.jpg)
Градоначалникот на Охрид, Д-р Јован Стојаноски вчера беше во работна посета на Софија, Република Бугарија.
![](pictures/poseta_sofija_2018_4008.jpg)
Во рамки на еднодневниот престој, градоначалникот Стојаноски оствари работна средба со градоначалничката на Софија, Јорданка Фандакова. На состанокот беше присутен и заменик градоначалникот на Софија, д-р Тодор Чобанов кој е задолжен за култура, едукација, спорт и туризам и ЕУ фондови. Од двете страни беше изразена волја за продлабочување на соработката и искористување на стручна помош од бугарска страна за искористување на ЕУ Фондови.
![](pictures/poseta_sofija_2018_4005.jpg)
![](pictures/poseta_sofija_2018_4002.jpg)
Заеднички беше заклучено дека Бугарија како членка на ЕУ има големо искуство за користење на ЕУ фондовите, а тоа искуство ќе биде од голема помош за општина Охрид.
Градоначалничката Фандакова вети голема ангажираност и партнерство во останатите општински проекти при користење на ЕУ Фондовите.
![](pictures/poseta_sofija_2018_4001.jpg)
![](pictures/poseta_sofija_2018_4007.jpg)
![](pictures/poseta_sofija_2018_4006.jpg)
Во рамки на престојот во Бугарија , градоначалникот Стојаноски ги посети учениците од СОСУ ”Св. Кирил и Методиј” кои во рамки на “Me Doctor” проектот од “Erasmus +” програмата се на неколкудневна пракса во софиската универзитетската болница „Александровска“. Градоначалникот беше примен од бордот на директори на болницата предводен од извршниот директор проф. д-р Костадин Ангелов. Раководството на болницата изрази огромно задоволство од остварената соработка, квалитетот и посветеноста на учениците.
![](pictures/poseta_sofija_2018_4003.jpg)
![](pictures/poseta_sofija_2018_400.jpg)
|