Градоначалникот на општина Охрид Јован Стојаноски оствари средба со Ајтекин Ајден, Програмски координатор за Република Македонија на Tурската агенција за координација и соработка „ТИКА“.
![](pictures/07_11_2017_Tika_4851.jpg)
На средбата која се одржа на иницијтива на родителите Ајнур Абдула, Фарије Реџеп и Емир Муфти, беше разговарано за можноста за изградба на нова училишна зграда на местото на старата зграда од ОУ „Братство - Единство“ на улицата „7.Ноември“.
Од страна на градоначалникот беа презентирани сите документи кои беа побарани од страна на преставниците на „ТИКА“ кои понатаму ќе бидат презентирани на повисоко ниво во оваа агенција.
![](pictures/07_11_2017_Tika_4853.jpg)
Tурската агенција за координација и соработка „ТИКА“ е дел од Претседателството на Владата на Република Турција, а во Република Македонија е присутна и функционира од 2005 година, со своја Канцеларија за програмска координација.
![](pictures/07_11_2017_Tika_4852.jpg)
|