Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
БРОЈНИ АКТИВНОСТИ ВО ЈОУДГ „ЈАСНА РИСТЕСКА“
Untitled Document

Во текот на месец јануари бројот на деца во градинката значително се намалува, што беше можност во овој период да се реализираат бројни активности. Исчистени се оџаците и парните котли во сите објекти, а поправени се делови од парното греење и инвентарот.

Извршено е мерење и снимање на централниот објект на градинката, во кој ќе се врши реконструкција на покривот, фасадата, столаријата, санитарните јазли и електричната инсталација, а за останатите објекти во тек е тендер за дограма. Спроведен е инспекциски надзор над целокупното работење на градинката од страна на МТСП, при што е констатирано дека работата се одвива во најдобар ред. Од градинката додаваат дека персоналот интензивно се подготвува и стручно се усовршува.

Претстои полагање за лиценци – процес кој ќе се одвива во сабота на 01.02.2014 година, а се однесува на сите вработени во градинката кои се опфатени со Законот за јавни службеници. Претставник од градинката учествуваше на Меѓународен тренинг во Белград за едукација на најмалите деца за мир, толеранција, соживот, познавање и почитување на различностите од секаков вид.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1233  пати
Објавено на: 30.01.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©