Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
КОШАРКАРСКИОТ ТУРНИР – ПОЛН ПОГОДОК ЗА ОХРИД
Untitled Document

Под покровителство на Локалната самоуправа, а во организација на Ј.П. „Билјанини извори“ , во Охрид се одржа првиот кошаркарски турнир „Охрид Трофеј 2013“.

 Меѓународниот кошаркарски турнир „Охрид трофеј 2013“ е спортска гордост за охриѓани оваа година. Морам да кажам дека турнирот е плод на одличната координација меѓу Општината Охрид и Јавното претпријатие „Билјанини Извори“, а така ќе продолжи и во иднина. Првиот турнир беше полн погодок, охриѓани покажаа желба што е мотив повеќе за следната и годините што доаѓаат – изјави градоначалникот Бакрачески.

Градоначалникот Бакрачески покрај успехот ги истакна и идните заложби на Локалната самоуправа за унапредување на спортот во градот.

Локалната самоуправа е секогаш тука за помош на охридските спортски колективи. Со Ј.П. „Билјанини Извори“ реализиравме неколку проекти, а покрај ракометот на градот Охрид неопходен му е уште еден член во елитата дали било тоа во кошарка или фудбал. Ние наредната година ќе направиме напори да поддржиме еден сегашните клубови кои партипицираат во градот – додаде градоначалникот Бакрачески.

 На турнирот триумфираше екипата на „Раднички“ од Крагуевац, која по пет минутно продолжение го совлада МЗТ Скопје.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1235  пати
Објавено на: 23.09.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©